Македонија
9. October 2015 - 20:02

Притвор за седуммина приведени во акцијата „Удар“

Триесет дена притвор за седуммина од приведените во акцијата УДАР. По сослушувањето во скопскиот кривичен суд до доцна во ноќта судијата на претходна постапка одлучил тројца од осомничените да ги предадат пасошите и да добијат мерка забарана за напуштање на живеалиштето, а еден да остане во куќен притвор.

За единствениот осомничен кој не беше пронајден при вчерашните претреси судијата на претходна постапка одучил да издаде наредба за приведување.

Претседателот на кумановскиот суд, кој според кривичната пријава од МВР примил 19 илјади евра за да помогне при ослободување на обвинет за убиство е зад решетки.

Прво осомничениот од Студеничани , кој според МВР бил предводник на групата е во куќен притвор. Ваквата одлука била донесена поради лошата здраствена состојба во која се наоѓал осомничениот.

МВР вчера ја поднесе кривичната пријава во која се товарат за повеќе кривични дела. Изнуда, лихварство, продажба на дрога и оружје и криумчарење мигранти.

Давале пари на заем, а за кратко време барале да им бидат вратени неколку пати поголеми суми на пари, користејки закани по живот, а  одземале и движен и недвижен имот.

По пронајдените докази при претресите во шестте објекти МВР очекува дека може да се зголеми и бројот на кривични дела за кој ќе одговара групата, но и бројот на осомничени.