ДИК расправа за бонусите за изборите - Колку екстра приходи си поделиле членовите на ДИК?
Нема правна можност за повлекување на одлуката за надоместоците кои членовите на ДИК си ги изгласале по локалните избори. Секој од нив сам ќе одлучува дали ќе ги врати парите во државниот буџет или ќе ги донира. Членовите на изборната комисја денеска беа револтирани од критиките на јавноста оти велат не работеле само на денот на изборите туку два месеци пред одржувањето и два месеци по затворањето на гласањето, а често морале да седат на седниците до полноќ.Одлуката колкава сума на пари ќе добијат била донесена согласно правилник кој предвидувал за секој вработен во комисијата и ангажираните во помошните тела да се провери колку бил стручен, колку време бил ангажиран на задачата и колку била сложена обврската.
Чичаковски вели дека од 9те членови тој имал најниска плата од само 64 илјади денари месзечно, по локалниоте избори добил надмоесток од 256.000 денари, останатите членови во зависност од стажот неколку илјади повеќе. Грубата пресметка со преместаните надоместоци покажува дека на личните сметки за 18 месеци членовите на ДИК добиле 30 палти. Дел од членовите не гледаат ниту етички ниту морален проблем ожво одлуката сами да одлучат колку пари ќе добијат.
Но не биле само тие. За сработеното на изборите надоместок добиле околу 30.000 луѓе кои биле вклучени во процесот преку сите ОИК. За нив членовите на ДИК утврдиле дека им се одовлно по 1.500 евра оти помеѓу членовите на ОИК имало и администивци кои не земале ниту просечна плата.
Претседателот на ДИК потврди дека по изборите во декември земале по пет просечнио плати (320,000), но надоместок од три плати си одредиле да добијат за изборите кои беа закажани на 24 април минатата година но никогаш не се оддржаа.
Членовите на ДИК велат дека законот е на нивна страна. Членот 19 став 1 и 2 од изборниот законик им го гаранмтираат правото на надомост. Иако имало обид и на кратко важело правилото да се исплаѓа надомест само за ангажираните кои не се вработени во дик сепак и тоа било променето. Па така надоместоци на членовите на ДИК им биле исплатени и во 2014 за парламантарните и претседателски избори.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
