Владата и пратениците се оградуваат од можноста за интервенција во парите што си ги доделуваат членовите на ДИК
Во однос на ДИК, тоа е назависно тело и Владата нема ингеренции таму, вели портпаролот на Влада, Миле Бошњаковски.
Ниту Владата, ниту Собранието, денеска сите ја исклучуваат својата можност за интервенција и промени во начинот на кој се трошат парите од државниот буџет.
Во однос на можноста за иницирање на измени во изборниот законик и членот 19 кој овозможува исплата на надоместок не сакаат да коментираат народните избраници ниту од СДСМ ниту од ВМРО-ДПМНЕ.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев одговори на моите прашања. Тој вели: - Јас како координатор на една од пратеничките групи во собранието немам што да изјавам за работата на ДИК како независно тело.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски не одговори на мојата порака.
Судир на интереси подразбира судир на јавните овластувања и должности со приватниот интерес на службеното лице, во кој службеното лице има приватен интерес што влијае или може да влијае врз вршењето на неговите јавни овластувања и должности. Ова прва подточка која е дел од членот три од законот за спречување на судир на интереси, причина за барање на одговор од ДКСК дали тие го разгледуваат случајот и дали има прекршување на законот.
Претседателот на антикорупциска денеска поради презафатеност со деловни состаноци побара прашања на меил, но службата за односи со јавност доцна попладнево најави дека одговор од комисијата може да се очекува дури утре.
На вчершаната седница, членовите на ДИК кои за 18 месеци земале 30 месечни палти најавија дека ќе ги вратат надоместоците за локалните избори кои уште не им биле исплатени. За осумте плати кои ги добиле за предвременти парламентари и изборите кои вбо април минатата година кои беа одложени, воопшто немаше дебата.
Исплатите на илјадници евра како надоместок го отвора прашањето од потребата за интервенции и во изборниот законик но и во составот на ДИК. Иако се очекуваше, сепак прашање е дали вклученоста на експерти во составот на комисијата помогнало во надминување на проблемите?
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
