Македонија
21. December 2017 - 16:18

Судските реформи клучни за интеграцијата - судии и обвинители дебатираа за потребните промени

Анализата од спроведениот мониторинг на судски предмети од организиран криминал и корупција може да бидат добра насока за потребните промени во судскиот систем. Од коалицијата сите за правично судење велат дека се утврдени подобрувања, но се уште е потребен долг пат за постигнување на очекуваните резултати.

Обвинителите оценуваат дека мора да се следи правото и правдата и во работењето на институциите од правосудниот систем и да се почитуваат и правилата за непотизам и морално однесување. Парите на граѓаните потрошени како договорни услуги сметаат дека се средства за достигнување на правдата.

Судиите пак очекуваат подобри денови во годината пред нив.

Од коалицијата сите за правично судење по извршената анализа оценуваат дека е потребен поголем степен на транспарентност на судовите, измени во ЗКП кои ќе овозможат елиминирање на практиката за ограничен пристап на бранителите до доказите на обвинителството, како и независност на судиите во постапувањето без пристрасност во постапката. `Тие очекуваат подобврување на АКМИС системот, но и подобра екипираност во обвинителството.