Со пари од ЕУ ќе биде заштитен комплексот Маркови Кули во Прилеп
Со грант од околу 100.000 евра од ЕУ Општина Прилеп ќе го заштитува и доуредува комплексот Маркови кули. Средствата се доделени како дел од програмата за подобрување со управувањето со заштите подрачја, вредна 4 милиони евра, кои ќе бидат распределени 17 апликанти, општини и граѓански здруженија. Проектот ќе го реализира УНДП.
„Навистина сме охрабрени од покажаниот интерес бидејќи добивме 79 апликации за овој проект. Морам да кажам дека постои огромен интерес и потреба за финансиска поддршка“, вели амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар.
„Има многу заштитени локалитети во вашата земја, но проблемот е тоа што тие се заштитени само на хартија, но не и во праксата“, додаде Лујза Винто, претставник на УНДП.
Поради големиот број на туристи кои го посетуваат го овој комплекс значајно е да се заштити ова подрачје, со воспостување на систем на заштита и мониторинг и други инфраструктурни зафати за подобра пристапност.
„Воспоставување на планови за отпад, заштита од пожари, поставување на видео мониторинг систем, патокази, информативни табли, означување и уредување на патеки“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.
Со овој проект грантовии до 400.000 евра ќе добијат и националните паркови Пелистер, Галичица и Маврово, Охридско, Преспанско и Дојранско езеро, Јасен и Матка.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
