Нема да се гради мигрантски камп во Прилеп
Прилеп нема да добие Центар за мигранти туку Информатички центар за опоравување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата“, финансиран преку ИПА - претпристапната програма за помош на Европската Унија за 2013 година, за потребите на Министерството за внатрешни работи.
Со овој демант денеска излегоа од МВР откако вчера со експресна брзина на социјалните мрежи се раширија слики и информации дека во градот ќе бидат населени бегалци и дека започната изградба на камп за нивно сместување.
Инаку овој центар се гради веднаш до касарната „Мирче Ацев“, проектот е финансиран од ЕУ и тој ќе изнесува околу 3,4 милиони евра, а објектот го гради компаниијата „4А-М“ од Албанија. Денеска на терен работниците го заградуваа теренот и го расчистуваа просторот од дивата депонија.
Во писменото соопштение од МВР велат дека овој Информатички центар ќе обезбедел континуитет со работата и зачувување на податоците во случај на можни природни или катастрофи предизвикани од страна на човечки фактор.
Според договорот објектот требало да биде готов до 15 ноември оваа година. Изборот за да се гради овој центар бил помеѓу Прилеп, Кичево и Струмица. На крајот било одлучено проектот да се реализира во градот под Марковите кули.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар
