Ракомет
10. May 2018 - 19:36

ЛШ(ж): Петта среќа за „вардарки“

Ракометарките на Вардар денеска отпатуваа за Будимпешта каде викендов го играат завршниот фајнал фор од Лигата на шампионките. Црвено-црните амазонки ќе  се обидат  по петти пат да се искачат на европскиот врв. 
Настаните во клубот се познати заминува комплетниот тим и затоа ова е последната шанса за нашите шампионки да го освојат посакуваниот европски трофеј. 
Можеби затоа се чувствува екстра мотив да се успее. Првиот противник во сабота е рускиот Ростов на Дон екипа која направи пријатно изненадување со пласманот во завршницата.
Досега Вардар учествуваше на 4 завршни турнири. Во првите три сезони го освои третото место додека минатата година за првпат беше учесник во финалето каде загуби од унгарскиот Ѓер во продолжение. 
Што се однесува до руските екипи на завршниот фајнал фор имаме победа против Динамо Синара.  Екипата на Вардар на овој турнир за првпат ќе ја предводи Ирина Дибирова која има европски трофеј со Звезда во 2008 година.  Дибирова минатата сезона беше дел од стручниот штаб како помошен тренер. 
Во првото полуфинале во сабота ќе играат Букурешт и  Ѓер.