Тенис
1. јуни 2018 - 17:45

Радост на лицето на Ѓоковиќ, успеа да го елиминира Баутиста-Агут

Новак Ѓоковиќ го одигра еден од најдобрите мечеви по повредата и успеа да го елиминира шпанскиот тенисер Роберто Баутиста –Агут по голема борба во четири сета со  
6:4, 6:7, 7:6, 6:2.
Ова беше можеби најтешкиот меч за српскиот тенисер оваа сезона но на крајот по голема борба која траеше речиси 4 часа го совлада упорниот Шпанец. 
Во осмина-финалето  Ѓоковиќ ќе игра против уште еден Шпанец Фернандо Вердаско кој во три сета го надигра фаворизираниот Григор Димитров.