Спорт плус
30. August 2018 - 19:36
АМС обезбеди поддршка за Марко Пејчиноски
АМС го направи првиот чекор по херојскиот подвиг на младиот Марко Пејчиновски и обезбеди еднократна парична награда и стипендија за 12-годишниот пливач кој го преплива Охридското езеро.
На иницијатива на директорот на АМС, Дарко Каевски советот одреди еднократна праична награда од 100 илјади денари воедно е обезбедена и месечна стипендија во висина од 4500 денари од серијата Спортска надеж.
АМС се обврза да подготви програма со помош на стручни лица кои ќе работат на усовршувањето на Пејчиноски со цел да стане врвен пливач кој би остварил значајни резултати за македонскиот спорт.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
