Loading Video...
Спорт плус
5. September 2018 - 19:47

Taки Џиков носител на наградата за животно дело „8 септември“

Агенцијата за Млади и спорт денеска на прес конференција ги соопшти добитниците на наградата 8 септември која ќе биде врачена во сабота во Собранието на Р. Македонија.

Награда за животно дело доби познатиот одбојкарски тренер Таки Џиков. Награди за посебни остварувања добија: Ристо Таков (борење), Владимир Радиќ (ракомет), Шабан Сејди (борење) и Сашко Арсовски (карате).