Лазаров: Очекувам младите против Турција да ја искористат шансата
Сите очи вечерва вперени кон Битола каде нашите најдобри ракометари играат против селекцијата на Турција на стартот од новиот квалификациски циклус за ЕП 2020 година.
Интересот за мечот е голем па се очекува одлична атмосфера во салата младост.
Селекторот Раул Гонзалез и ракометарите одработија неколку тренинзи во Битола по што беше објавен и конечниот список на играчи за овој меч. На трибините овојпат се селат Чурлевски, Крстевски и голманите Митревски и Даскаловски.
Оние што ќе настапат се свесни за предизвикот и фаворитската улога на нашата репрезентација.
СО Турција немаме многу дуели а последниот е на медитеранските игри токму во оваа земја каде со подмладен загубивме со 29-26. Во 2013-тата исто така на медитеранските игри победивме со 24-23. Ракометот во Турција е во подем но далеку од квалитетот на европскиот врв во кој е Македонија редовен учесник на завршните турнири.
Средбата се игра со почеток во 20.15ч.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
