Ѓорческа загуби во полуфиналето во Истанбул
Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа повторно не успеа да се пласира во финалето на ИТФ турнирот во Истанбул откако во маратонски меч загуби со 2-1 од Романката Ралука Шербан.
Ѓорческа играше солидно против силната Романка особено во првиот сет кој успеа да го добие со 7-5. Во вториот ја испушти шансата за конечен триумф во тај-брејкот кој Шербан го доби со 7-4 па се одлучуваше во третиот сет во кој играта на Ѓорческа значително падна па Романката успеа да го добие со 6-3.
Ова беше пораз на нашата најдобра тенисерка по три победи и особено елиминацијата на првата носителка на стартот од турнирот.
Ѓорческа и пред две години стигна до полуфиналето но овојпат одигра многу подобро и потврди дека е во добра форма.
Шербан во финалето ќе игра со Србинката Стојановиќ која во два сета ја елиминира Русе од Романија.
-

Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
