Loading Video...
Спорт плус
26. October 2018 - 19:14

Заев: Силна поддршка за македонскиот спорт

Присутните учесници на Конгресот на спортските новинари од Југоисточна Европа ги поздрави премиерот Зоран Заев:
-Ви благодарам што ги избравте Охрид и Македонија за овој настан и ова е прилика Југоисточна Европа да го смени своето лице. 
Владата на РМ е силен поддржувач на спортот . Од јануари со ваучерите ќе вбризгаме 6 милиони евра дополнително во спортот.   
Имаме и проект од 2,5 милиони за изградба на зграда на спортот  каде ќе ги вдомиме сите спортски федерации.  И натаму ќе го поддржуваме спортот бидејќи веруваме дека ако оваа дисциплина оди напред тогаш напред оди и државата- изјави пред спортските новинари од 14 земји  премиерот на Владата на РМ Зоран Заев.