Loading Video...
Ракомет
1. November 2018 - 19:16

Парондо: Играме на два бода против силен противник

Ракометарите на Вардар  по репрезентативната пауза продолжуваат со настапите во Лигата на шампионите. Во Скопје ќе гостува белорускиот тим Мешков Брест кој важи за незгоден противник за црвено-црните. По повод овој меч денеска прес конференција во спортската сала Јане Сандански

Средбата со Мешков Брест ќе биде интересна од повеќе аспекти, а пред се како шанса за реванш  за еден од најубедливите порази на црвено-црните на меѓународната сцена и тоа пред само неколку дена во рамките на Сеха лигата.  Скопската публика конечно ќе може да ги види и квалитетите на Германецот Кристијан Дизингер но и да види квалитетен меч бидејќи се работи за екипи кои добро се познаваат.

Средбата се игра во сабота со почеток во 17.30ч во спортската сала Јане Сандански. Вардар во последниот меч од Лигата на шампионите загуби во Белорусија  од Мешков Брест откако претходно како домаќин славеше во Скопје.