Loading Video...
Ракомет
24. November 2018 - 18:20

ЛШ: Вардар освои бод на гостувањето во Белорусија

Ракометарите на Вардар со освоен бод се враќаат од гостувањето кај Мешков Брест во рамките на 9. Коло од Лигата на шампионите.По се што се случуваше на мечот црвено-црните освоија голем бод од ова жешко гостување

Македонскиот првак по поразите од Барселона не успеа да се врати на победите во најелитното европско натпреварување, дури беше на прагот на нов пораз но чудесно се врати од големата негатива и со погодокот на Германецот Кристијан Дисингер се спаси од пораз. 31-31 за прв нерешен резултат за Вардар оваа сезона.

И на овој меч потфрли одбраната  иако во првиот дел  Мешков Брест оствари минимално водство од 15-14. Во вториот белорускиот тим доминираше и  се одлепи на плус 6, 27-21  но  сепак квалитетот беше на страната на македонскиот претставник и со серија од три гола  беше најавен пресврт. Сепак на крајот само нерешен резултат со осумте погодоци на Криштопанс додека Дисингер и Дибиров постигнаа по 5.

По ова коло Вардар има 9 бода и во следниот натпревар го пречекува Кјелце.