Брз и здрав начин за чистење на телото од никотин

Брз и здрав начин за чистење на телото на пушачите од никотин е да се јаде повеќе здрава храна.
Ако редовно се консумира морков, зелен чај, спанаќ, киви, лимон и портокал, брокула, карфиол, прокељ и зелка, можат да му помогнат на телото да ги исфрли штетните материи од цигарите.
Зелен чај
Со пушењето телото ја губи неопходната течност и телото многу побрзо доаѓа во состојбата на дехидрација. Пиењето големи количини на домашна витаминска вода (две литри вода со една лажичка рендан ѓумбир, една краставица, лимон и 12 листови нане, и зелен чај преполн со антиоксиданси) ќе го испере никотинот од телото.
Морков
Никотинот ја уништува кожата и ја прави безживотна и сува. Ако сакате да ги решите овие грди несакани ефекти, јадете колку што е можно повеќе моркови. Тој содржи големи количини на витамин А, К, Ц и Б, кои се главни чистачи на телото. Исцедете морков во соковник измешан со јаболко и лимон или ставете го во салата.
Спанаќ
Фолната киселина е многу важна за нормално функционирање и развој на организмот, но, исто така, му помага на телото да се реши од никотин. Големи количини на фолна киселина се наоѓаат во спанаќот.
Брокули, прокељ и зелка
Освен што овие видови на зеленчук содржат полифеноли, кои се покажаа корисни во намалувањето на воспалението во дигестивниот систем, исто така содржат антиоксиданси кои го чистат телото од многу токсини. Подготвувајте ги што е можно пократко, за да можете да ги зачувате сите нивни квалитети.
Киви, лимон и портокал
Покрај вода, никотинот од организмот исфрла и витамини А, Ц и Е, кои го зајакнуваат имунолошкиот систем и помагаат на телото да се бори против разни инфекции и бактерии. За да се надокнадат загубените витамини посегнете по кивите или испијте една чаша лимонада. Сок од портокал го хидрира телото, ги обезбедува потребните витамини, но, исто така, го чисти организмот од никотин. Стиснете два портокали, додадете малку вода и пиете помеѓу оброците.
Ново на Сител
-

Брнабиќ: Зад Србија останува неверојатно тешка година, се надевам дека 2026 година ќе биде понормална
-

Фатон Љури осуден на 11 години затвор за прегазување на пешак на кејот на Вардар
-

Горивата поскапуваат за половина денар
-

ДИК го усвои конечниот извештај за Локалните избори 2025, одлуки и за подготовка на повторените локални избори во четири општини
-

Мајка ја однела ќерката во „Пулс“, нејзиниот малолетен син се спасил бидејќи полицијата го избркала надвор
-

Алиу: До мај ќе имаме нов паркинг на Клиничкиот центар со „смарт“ инфраструктура и катна гаража
-

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња
-

Мицкоски: Стапката на сиромаштија бележи намалување, а Џини индексот е првпат под 30 проценти во последните 30 години
