Македонија
4. July 2019 - 16:21

Матурантите со добар 3 на државната матура

Добар 3 и годинава е средната оценка за државната матура. Резултатите се подобри од лани рече министерот за образование.

– Резултатите се добри и покажуваат напредок во однос на изминатите учебни години, односно учениците кои го полагаат тестот на зрелост покажуваат подобри резултати од минатите генерации, рече Арбер Адеми, министер за образование и наука. Просечната оценка на постигањата на матурантите за оваа година е 3,47 за разлика од минатата година кога росечната оценка била 3,42, изјави Арбер Адеми, министер за образование и наука.

Подобрување од лани има кај повеќе предмети тврди Адеми. Учениците задолжително полагаа мајчин и странски јазик, а согласно завршеното образование и изборни интерни предмет. И годинава најголем број од 15.500 средношколци, 14.100 за странски јазик го избрале англискиот. Иако мислеле дека добро го познаваат јазикот и имале четворки или петки, високи оценки добиле само 6 отсто, а 7 проценти не положиле.

- Годинава има промена на испитната програма по англиски јазик во однос на бодирањето на тестот и прашањата, изјави Лидија Ѓошевска, директорката на Државниот испитен центар.

Сите незадоволни ученици можат да поднесат приговор утре, во понелелник или вторник, а оние кои не положиле втора шанса ќе имаат во август. Доколку и тогаш не добијат преодна оценка ќе чекаат до јуни наредната година.