Македонија
1. December 2019 - 16:36

Георгиески: Новиот закон за легализација на дивоградбите е дискриминирачки спрема тие во охридскиот регион

Додека Охрид води битка со дивоградбите се подготвува закон за легализација на бесправно изградените објекти.

Новиот предлог закон со кој се предвидува сите нелегални градби на Охридскиот регион под заштита на Унеско да бидат изземени е дискриминирачки бидејќи со преставки од страна на граѓаните може да падне на Уставен суд смета градоначалникот Георгиески.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак најавија дека будно следат што градот презема во однос на препораките на Унеско.

Отстранувањето на плаформите на угостителските објекти долж езерото ,една индивидуална куќа и хотел во близина на населбата Даљан е она што моментално може да се забележи во Охрид како акција во борбата против дивоградбите .Регистарот кој брои 1097 бесправно изградени објекти од кои 409 во заштитеното подрачје, покажува дека во градот со години се градело на диво.