Македонија
28. December 2019 - 16:31

Охрид е подготвен за новогодишните празници

Охрид подготвен за дочекот на Новата година.Хотелските капацитети на охридско-струшкото крајбрежје ќе бидат исполнети со туристи од нашето соседство пред се од Бугарија и Србија Црна Гора, Косово, Грција, и Албанија но нема да изостанат ни и оние од подалечните земји и домашните кои имаат свои викенд станови .

Цените на хотелските аранжмани за новогодишните празници се  слични на изминатите години,се нудат примамливи понуди а а  најбарани се тридневните аранжани .

За збогатување на понуда и оваа година ќе се одржи новогодишниот базар на Охридски ракотворби каде  занаетчиите на странците им ги презентираат своите автентични, рачно изработени дела.

Последни подготовки се правата и во кафетериите ,рестораните и ноќните барови кои нудат забави за сечиј вкус.

Инаку за најлудата ноќ во годината на градскиот плоштад во Охрид присутните ќе ги забавува Ефто Пупиноски, Ѓоко Танески и групата „Камелеон“.