Експертите од УНЕСКО за 5 дена доаѓаат во Охрид во увид на сработеното од препораките
Остануваат уште 5 дена за потребните активности кои треба да се преземат, со цел Охрид да го зачува статусот на град заштитен под УНЕСКО. Од Општината велат дека се сериозно посветени на процесот за исполнување на 19те препораки. На 27 јануари експертска група на Унеско доаѓа во Албанија а на 30 ти во Охрид со цел да ја скенираат состојбата на терен .На нивната агенда ќе се најдат и бесправно изградените објекти.
Екологистите пак постојано алармираат за деградација на охридското крајбрежје ,еко системот и урбаниот хаос во градот.
Властите до 1 февруари 2020 година треба да поднесат извештај за сработеното, кој ќе се разгледува на 44-тата сесија на Комитетот за светско наследство. Врз основа на тоа ќе се одлучува дали Охрид, ќе биде ставен на листата на загрозени светски наследства.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
