Владеачката партија поднесе барање до Собранието за свикување итна седница
Владеачката партија го поднесе барањето до парламентот за свикување на седница на веќе распуштеното Собрание. Барањето е поднесено од 35 пратеници, меѓу кои има независни пратеници и пратеници од албанската опозициција. За седницата се бараат две точки на дневен ред: потврда на двете одлуки за прогласување на вонредна состојба од шефот на државата донесени на 13 март и 16 април.
Во образложенито власта се повикува на членот 63 од Уставот и одлука на Уставниот суд од 2016 година дека мандатот на пратениците се продолжува за време на вонредната состојба, како и на Изборниот законик за времетрањето на мандатот на народните избраници.
„Имајки пред вид дека е прогласена вонредна состојба, и следствено, поради очигледно постоење на итна ситуација и вонредни околности веќе не постојат никакви пречки за итно свикување на седница според член 68 став 2 од Деловникот во собранието“, стои во барањето на власта.
За разлика од времето на првата вонредна состојба од 18 март кога Собранието не било во можност да се состане, сега во барањето на власта стои дека услови за свикување на седница има.
Против иницијативата остануваат од албанскиот партнер на власта кои сметаат дека потврдата на вонредните состојби треба да ги направи идниот парламентарен состав.
Од ВМРО-ДПМНЕ не одговараат конректно дали би учествувале во работата на повторно свиканиот парламент, но за нив јасно е дека еднаш распуштено Собрание не може да се состане.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
