Македонија
6. May 2020 - 16:37

Владата не отстапува од толкувањето дека уредбите имаат важност и по вонредната состојба

Владата не отстапува од ставот дека уредбите со законска сила што ги носи во време на вонредната состојба ќе важат и откако таа ќе прекине и покрај тоа што и правните екперти и од Македонската академија на науките и уметностите посочија дека овие акти престануваат да со важноста на вонредната состојба. Експертите и академиците посочија дека оние уредби за кои постои потреба да продолжат ќе мора да бидат прегласани од парламентот и тоа во форма на закон.

Од владата тврдат дека ги следат сите екпертиски мислења, како и да дека со внимание ќе ги разгледаат ставовите на МАНУ, но дека за нив не постои дилема дека уредбите, особено оние врзани за образованието или за економските пакети, ќе продолжат да важат и по 16 мај кога престанува втората вонредна состојба.

Кај нас, Уставниот суд веќе прифати дека уребите ќе имаат дејство и по вонредната состојба - на пример во уребата за работни односи. Се донесоа уредби за матурантите да можат да се запишат на факултет без матурски испит. Уписите се во месец септември. Секако дека ефектите на тие уредби ќе важат до септември. Неспорно е дека уредбите можат да имаат правно дејство и по престанокот на вонредната состојба, одговараат од Владата.

Академиците  пред два дена објавија посебна Анализа за правните аспекти на вонредната состојба во која повикаа состанување на парламентот кој меѓудругото ќе мора да одлучи и за оние уредби за кои Владата предвидела има имаат дејство и по вонредната состојба.

„Може да се доведат во прашање оние уредби, со кои се регулираат определени права што ќе траат до крајот на 2020 година, без оглед до кога ќе трае вонредната состојба, па се поставува прашање дали уредбата со законска сила воопшто смее да „востановува“ нови права или само да изнајде механизми за примена на постојните закони во вонредни услови и дали мерката од уредбата смее „да ја надживее“ вонредната состојба“, пишува во анализата на МАНУ.

Упатуваат и на судска контрола пред уредбите да бидат донесени.

„Во отсуство на собраниска контрола над активностите на Владата, од аспект на начелото на владеење на правото е особено важно Владата да воспостави комуникација со Уставниот суд за претходна проверка на уставната заснованост на уредбите и другите акти што таа ги донесува во време на таква состојба, пред нивното усвојување“, пишува во анализата.

Во анализата се бара и шефот на државата да потпишува укази за прогласување на уредбите со законска сила. Од кај Пендаровски сметаат дека  претседателот нема уставна надлежност за такво нешто.