Loading Video...
Кошарка
9. May 2020 - 20:43
Дражен Петровиќ прогласен за најдобар хрватски кошаркар
Стручна комисија на хрватскиот весник Спортски новости го разреши вечното прашање кој е најдобар во историјата на хрватската кошарка. Приматот во тесна борба му припадна на Дражен Петровиќ
Комисија составена од познати кошаркарски имиња меѓу кои и Петар Сканси и Мирко Новосел бираше по пет кошаркари доделувајќи им по 5 бодови.
Очекувано битката се водеше помеѓу Дражен Петровиќ и Тони Кукоч.
Обајцата имаа големи успеси во Европа и потоа заиграа во НБА лигата. Кукоч освои и трофеи со Чикаго Булс додека Петровиќ своето вистинско место за докажување го најде во редовите на Њу Џерси. За жал трагично го загуби животот на врвот на својата кариера.
Според гласањето Дражен освои 34 бода еден повеќе од Тони Кукоч кој имаше 33. На третото место е Крешимир Ќосиќ пред Раџа, Богдановиќ , Ѓерѓа, Накиќ, Сканси, Вранковиќ и Шолман.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->