Македонија
13. May 2020 - 14:27

СДСМ очекува датумот за избори да се договори идната недела, ВМРО-ДПМНЕ вели дека има уште услови кои треба да се исполнат

 Ден по лидерката средба кај шефот на држвата Пендаровски, власта и опозицијата различно толкуваат што на нејзе се зборувало за изборите и кога и како да се дојде до нив.

Од владејачката СДСМ велат дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во текот на состанокот се обидел да ја одбегне темата за избори отвораќи, како што велат споредни теми. Од таму порачуваат дека наредната недела нема бегање од датум за избори, согласно правилата, протоклите и препораките на Комисијата за заразни болести.

Од опозицијата пак, велат дека прогласување на избори, како што тврдеше лидерот на СДСМ по средбата, како и одржување на избори 22 дена по престанок на вонредната состојба воопшто не биле усогласени ставови, а Заев бил осаман во барањето за брзи избори.

Не е точна изјавата на Заев дека "изборите се прогласени" . Изборите не може да се прогласени, кога договор за датум нема . Целосно е невистинито тврдењето на Заев и Спасовски дека изборните дејствија продолжуваат онаму каде застанаа последниот пат по прогласување на вонредната состојба. Ова не може да е така поради фактот што и двајцата се согласија дека ДИК треба да даде своја проценка за потребното време за подготовка на изборите под услов да има зелено светло од комисијата за заразни болести дека има услови за непречена кампања и објективно потребното време на ДИК за прочистување на избирачкиот список, организирање на самите изборни дејствија и условите кои треба да се обезбедат. Тој рок е минимум шеесетина дена од денот на распишувањето на изборите.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека добро е што е прифатен планот на Мицкоски во 4 точки со што ќе се гарантира здравјето на граѓаните.

Лидерите на шесте најголеми политички партии вчера во вила Водно не постигнаа согласност за датум з аизбори. Се согласија дека здравјето на луѓето ќе биде критериум за носење на ваквата одлука. Токму за тоа е договорена нова лидерска средба кај Пендаровски за наредната недела. До тогаш извештаи треба да изготват Комисијата за заразни болести и  ДИК, а треба да се се добие став и од ОБСЕ/ОДИХР за набљудувака мисија на изборите.