Партиите се уште без усогласен термин за изборно соочување
Нема доближување на ставовите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за тоа кога најрано би можеле да се одржат одложените избори. Власта и понатаму инсистира на избори во јуни повикувајки се и на здравствените протоколи и на последната одлука на Уставниот суд да не поведе постапка за владината уредба за избори.
„Тоа значи дека роковите за изборниот процес продолжуваат по завршување на вонредната состојба. ДИК по завршувањето на вонредната состојба, треба да ги заврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите. Избори во декември не се опција сега, ама сите можности да се разгледаат.“
Од друга страна, од опозциската ВМРО-ДПМНЕ вели дека СДСМ лицемерно бара избори во јуни со цел да го ублажи поразот.
„До вчера брифираа дека доцна есен ќе имало нов бран со Корона, сега велат ако нема избори во јуни тие ќе биле во декември. Со ова СДСМ и Зоран Заев уште еднаш докажуваат дека се коцкаат со судбината на граѓаните и ја уценуваат целата држава само и само за да го ублажат поразот. Ваквиот нивен ултиматум е најголем доказ дека на Зоран Заев и СДСМ воопшто не им е важно здравјето на граѓаните, туку единствени политичките игри кои на Заев може да му донесат помал пораз.Такви ултиматуми ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа.“
Од ДУИ остануваат на ставот дека здравјето им е пред се.
Во меѓувреме, Државната изборна комисија го испрати својот извештај до шефот на државата Пендаровски. Првиот човек на ДИК вели усогласен ставна Комисијата е дека дејствијата поврзани со Избрачкиот список ќе треба да се повторат и тоа од прочистување на списокот од МВР и Статистика, до јавен увид и заклучување. Процесот би траел најмалку 35 дена. А ќе треба да има време и за кампања. Дерскоски тврди дека според сегашната уредба на владата сите овие дејствија би се преземале по истекот на вонредната состојба.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
