Кошарка
7. јуни 2020 - 14:48

Сеќавање на легендарниот Дражен Петровиќ

На денешен ден пред точно 27 години светот на спортот загуби еден голем кошаркар, хрватскиот великан Дражен Петровиќ кој загина во сообраќајна несреќа во Германија. 
Последниот настап Петровиќ го имаше во дресот на Хрватска во Полска од каде одлучи да се врати во Загреб со автомобилот на својата девојка Клара Саланти при што не ја преживеа тешката сообраќајна несреќа. 
Дражен е познат по прекарот кошаркарски Моцарт и е прогласен за најдобар играч во историјата на Европа во која доминираше со екипата на Цибона. Потоа играше и во НБА лигата каде имаше одлична сезона со Њу Џерси каде постигнуваше повеќе од 20 поени по натпревар. 
Специјални делегации денеска положија цвеќиња на неговиот гроб во Загреб, како и пред споменикот на неговиот роден град Шибеник.