Дали меѓународната заедница се вклучува во дијалогот меѓу власта и опозицијата?
Ќе има ли бриселска интервенција во договорот за датум за избори меѓу власта и опозицијата? Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ќе има телефонски разговори со лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за здравствената,економската и политичката состојба во државата од пандемијата од Ковид 19.
Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека разговорот со нивниот лидер ќе биде вечерва. Иако изборите не се споменуваат во брифинзите, јасно е дека тие ќе бидат дел од агендата на разговорите на Вархеји.
Во меѓувреме, се уште нема поместување во офцијалните ставови на власта и опозцијата.
Од ДУИ пак, иако велат здравјето пред се, ја промовираат својата изборна агенда: премиер – Алабанец.
- Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на вас да го спроведете... Ова е национална aлбанска кауза. Ова е нашиот национален сон. Сонот на потполната рамноправност...
Заменик претседателката на СДСМ Шеќеринска пак, возврати дека граѓаните одлучуваат кој ќе биде иден премиер.
Лидерска средба за датум за изборно соочување нема. Од Владата се уште стојат на ставот дека не е потребно ново продолжување на вонредната состојба која завршува викендов, но и од која зависат изборите.
Сепак, за ова прашање владиниот кабинет ќе орешава в петок, но конечната одлука ја носи шефот на државата.
Во меѓувреме не е исклучена и нова уредба за избори во која ќе се дефинираат изборните дејствија, водењето на кампања, вклучување на здравствените протоколи, но и начинот на гласање.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
