Во Охрид и денеска продолжи акцијата за отстранување на дивоградбите
Продолжи акцијата за отстранување на нелегалните шанкови ,објекти и урбана опрема долж охридското езеро . Градежна механизација во придружба на овластен инспектор и полициска асистенција денеска целосно ја урнаа познатата плажа Немо. Во меѓувреме дел од сопствениците на објектите почнаа сами да ја отстрануваат опремата . Од локалната информираат дека се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и најавија дека акцијата ќе продолжи и во наредните денови, распишан бил нов тендер за обезбедување на дополнителни 4, 5 милиони денари во буџетот наменет за рушење на сите дивоизградени објекти.
„Во оваа фаза од акцијата се отстранува урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“велат од општина Охрид.
Сопствениците на објектите на плажите пак од кои почна уривањето обвинија дека акцијата е селективна тие велат дека добиле известување но не и решение за уривање.
Инаку акцијата за отстранување на дивоградбите на плажите која започна да се спроведува пред три дена има за цел да с е стави ред на крајбрежјето согласно препораките на Унеско.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
