Македонија
23. July 2020 - 16:31

11-годишното болно и напуштено дете од Охрид сместено на Детската клиника

11-годишното дете со церебрална парализа од Охрид со возило на итната медицинска помош префрлено на Клиника во Скопје. Откако двајцата родители го оставиле само во сопствениот дом неподвижно и болно, а случајот бил пријавен во охридската полиција се вклучи алармот на надлежните. Од Центарот за социјални работи велат дека детето најнапред ќе биде тестирано од Ковид-19, а потоа ќе се направат и медицинските прегледи и мерки за подобрување на неговата здравствена состојба. Додека била отсутна мајката биле преземени сите неопходни активности за заштита на животот и здравјето на детето.

-Центарот во изминатите 4 дена додека беше отсутна мајката на детето ги презеде сите неопходни активности за заштита на животот и здравјето на детето и истото беше згрижено од семејство со кое немало роднински врски. Центарот му обезбеди храна и хигиенски средства а  во соработка со Црвен крст обезбедена му беше облека и постелнина, велат од Центарот за труд и социјална политика од Охрид.

Од Невладината Менуваме чија цел е заштита на лицата со попреченост и унапредување на нивните права бараат формирање на независна комисија за ревизија на процесот на семејства во социјален ризик и на постоечките капацитети за институционално или семејно згрижување, и условите во кои се сместени децата и лицата.

Од Коалицијата на повеќе невладини Менуваме сметаат дека потребно е воведување на стандарди за згрижување, домување, рехабилитација и интеграција согласно „Конвенцијата за правата на детето“, и „Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Mомчето кое моментално е на Клиника во Скопје каде му се утврдува здравствената состојба откако ќе биде тестирано за Ковид-19 ќе биде згрижено во мал групен дом во Демир Капија.