Македонија
8. November 2020 - 16:42

Можна ли е уште една предизборна македонско-албанска коалиција?

Хилтон соработката на опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата на Албанците со Алтернатива ќе ја окрупни политичката сцена и ќе биде стане сериозна конкуренција на актуелната владејачка коалиција: СДСМ со БЕСА и ДУИ, сметаат политичките аналитичари. Првиот тест, дали лидерите Мицкоски, Села и Гаши ќе можат да соработуваат успешно би биле локалните избори, каде што ваквата соработка особено би била успешна во мешаните етнички средини.

Доколку соработката на локално ниво успее, јасно е дека таа би се префрлила и во Собранието, каде веќе постои некаква координација и меѓусебна поддршка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Колицијата Алтернатива – Алијанса. Тоа ќе донесе нов квалитет на политичката сцена, велат аналитичарите.

И покрај ваквиот потег на опозицијата, експертите велат се уште не може да се прогнозира со сигурност дали тоа ќе значи и предвремени парламентарни избори или пак, влада за национален спас, како што побараа Мицкоски и Села.