Македонија
9. November 2020 - 23:10

Крастев: Нон-пејперот е добра основа за речение

Без рекации на официјална Софија и на експертската јавност во Бугарија поминува информацијата за берлинскиот нонпејпер постигнат на средбата на македонските министри за надворешни работи и интеграција Османи и Димитров со шефицата на бугарската дипломатија Захариева. Нон-пејперот е компромис за билатерланите прашања помеѓу Скопје и Софија со кој требаше да се избегне бугарското вето за македонските интеграции, но не бил прифатен од бугарскиот премиер Борисов.

Бугарскиот аналитичар Крастев вели дека документот е добра основа за да се дојде до конечно решение бидејки нуди решение и за македонскиот јазик.

И македонската страна не сака да го коментира нонпејперот. „Не ги коментираме ваквите детали затоа што се уште се разговара и не би сакале да ги нарушиме разговорите“, одговори премиерот Заев за Сител.

Тој потврди дека утре, наместо најавената онлајн средба, решил да замине во Софија за да се види со Борисов.

„Утре ќе се видиме со Борисов и неговиот тим. Јас ќе бидам во Софија со неколку наши министри“, ни пиша премиерот.

Средбата доаѓа на една недела пред министерскиот совет на Европската унија на 17-ти номеври, а на кој ќе се одлучува за преговарачката рамка за државата и откако министрите за надворшени работи Захариева и Османи и денеска не успејаа да се усогласат за билатералните прашања на онлајн регионалната инцијатива Берлински процес.