Loading Video...
Македонија
11. November 2020 - 16:56

Заев не открива детали за преговорите, бара да му се даде шанса на дијалогот

Иако нема постигнат договор за отворените билатерални прашања меѓу Скопје и Софија по вчерашните состаноци премиерот Зоран Заев е отпимист дека до 17 ноември кога се одржува министерскиот совет на ЕУ и се одлучува за преговарачката рамка за Македонија решение е сосема возможно. Сепак, вели дека двете страни не треба од процесот да прават шоу.

Заев повика да се намали и говорот на омраза на социјалните мрежи меѓу двете страни бидејќи тоа не носи кон решение, а Бугарија сепак е држава пријател на македонските евроинтеграции. Доколку не се постигне договор до вторник, премиерот вели, шансите за добивање на преговори со Унијата се намалуваат, но се уште постојат се до декември кога се очекува меѓувладината конференција.

Бугарскиот вицепремиер Каракачанов пак, и синоќа по средбата упати барање со нови писмени гаранции што треба да ги испорача Македонија за Софија да го смени своето „не“ на министерскиот совет.

„Новото од вчера е: ние им кажавме: „ние не сакаме да ве оставиме“, но сакаме многу јасни гаранции дека ќе се исполнува потпишаниот договор, а нема да се заобиколува како што тоа се правеше изминативе 3 години и им кажавме: „имате уште неколку денови“. Ново договор треба или не? Дали ќе е нов договор како што спомнавте е една варијанта, дали ќе е анекс на постојниот договор, дали ќе е протокол кој треба да се потпише таму треба да се проблемите со јазикот, за идентитетот и историјата, рехабилитиација на граѓаните кои биле репресирани како Бугари. Ние не брзаме, проблемот е тој, ние сме подготовени ако се најдат во нашите гледишта, да продолжиме да им помагаме“

На изјавите на Каракачанов, но и односот на македонската дипломатија кон бугарските позиции рагираа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Прашуваат кој е одговорот на Владата по вчерашниот ултиматум на Софија.

Потценувачки и уценувачки е што Каракачанов и бугарската страна даваат рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигруваат со чувствата на граѓаните кои што живеат во Република Македонија.... Затоа прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и до сега? Неспособноста и несериозноста на Зоран Заев не донесе до овој ќорсокак. Жално е што за пазарџиските постапки на Заев и Димитров, но и сите останати инволвирани, во моментов губи и трпи штети само Република Македонија и македонскиот народ.

Од ВМРО-ДПМНЕ единствен излез од ситуацијата е влада за национален спас.