Македонија
12. November 2020 - 18:00

Картонски „Никола Димитров“ на седница во Собрание, неуспешен обид за пленарна седница за Бугарија

Опозицијата бара, а власта не дава парламентот да расправа за најновите релации со Бугарија и Собранието да го осуди софискиот меморандум кој се однесува на македонските евроинтеграции.

ВМРО-ДПМНЕ се обиде оваа точка да ја стави на дневен ред пред народните избраници на пленарна седница. И Левица побара на дневен ред да се стави и нивната Декларација за осуда на позициите на официјална Софија што во парламентот беше поднесена уште во октомври.

Власта, без ниту еден збор од пратениците од мнозинството, преку собранискиот спикер Џафери ги одби предлозите со образложение дека опозицијата на седницата веќе имала точка на дневен ред, а и било дозовлено да има само една.

По ова пртаениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја напуштија собраниската сала, а по утврдување на дневниот ред тоа го сторија и пратениците на Алијансата и Алтернатива со што парламентот продолжи да работи само со 56 народни избраници од власта, но без можност да се носат одлуки.

На 120 пратеници им е место во собранието, немањето мнозинство не е од политички причини туку поради здравствени причини.

Претходно, Милошоски по втор пат се обиде расправата за Бугарија да ја отвори барем на Комисијата за надворешни работи, но на нејзе не дојдоа пратениците од власта како и минситрите за надворешна политика Османи и за евроинтеграиции Димитров. Димитров во салата беше претставен со макета. Османи пак, порача дека со опозицијата може да разговара секаде, само не во Собранието.

Пратениците на опозицијата на Комисијата преку процедурални забелешки побараа ако не на отворена седница за билатералните прашања со Софија да се расправа зад затворени врати, а побараа за прашањето да се изјаснат и поранешните претседатели Црвенковски и Иванов.