Ќе има ли он лајн седници на Собранието? Кој е за, а кој против?
Власта ги подготвува деловнички измени со кои треба да се одблокира работата на Собранието кое заглави со носењето на одлуки поради пратениците позитивни на корона и тесното владејачко мнозинство. Измените се прават во делот од Деловникот кој го регулира присуствотото на пратениците.
Координаторот на СДСМ Јован Митрески не сакаше да навлегува во детали што и како ќе се менува во Деловникот, кусо само ни одговори:
Идејата била да се овозможи на пратениците со решение за изолација, а се во добра состојба и покрај тоа што се заболени од КОВИД да се сметаат за присутни на седницата преку онлајн вклучување. Извори од пратеничката група на СДСМ велат дека технички парламентот може да го изведе ваквото решение. Седницата би се оддвивал во живо со останатите пратеници.
Пред повеќе од еден месец ДУИ јавно предложи измени со кои под присуство на пратеник побараа да се смета и онлајн и физичко присуство, но предлогот набрзо беше отфрлен од останатите партии.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ досега беше против измени на Деловникот во насока на онлајн седници или онлајн вклучување на нивни заболени колеги.
Но, и за измена на Деловникот во салата ќе треба да има 61 пратеник, што засега власта без опозицијата ги нема. Во моментов, тројца пратеници од власта се со корона вирус, а дополнително уште неколку се оправдано отсутни поради други причини.
Парламентот веќе со недели не може да носи одлуки доколку кворум за работа не го обезбеди опозицијата. Вчера, собранискиот спикер Џафери откако не успејаа да се донесат неколку одлуки ја криткуваше опозицијата дека не ја исполнува својата должност да учествува во работата на парламентот.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
