Македонија
17. November 2020 - 16:47

Каква е иднината на Македонија по одлуката на Софија?

Да се откажаме од брза евроинтеграција бидејќи не сакаме во Европа под овие услови на Бугарија или да продолжиме со реформите и дипломатијата? Овие две опции ги споменуваат политичките аналитичари за извесниот исход дека Македонија нема да добие датум за преговори со Унијата по најави за вето од Софија.

Аналитичарот Селими вели дека нема друга опција од продолжување со реформите.

Директорот на МЦМС пак, вели дека опција е и да се откажаме од евроинтеграциите и дека такви најави стигнале дури и од политичари. Сепак, патот на реформите и дипломатијата, според него е подобар.

И двајцата екперти велат дека која опција и да се одбере, опозцијата треба да биде вклучена.