Пендаровски за Сител: Ако нема пробив во следните два дена, ќе чекаме да завршат изборите во Бугарија
Уште два дена преостануват за можен договор меѓу Скопје и Софија со цел да се одблокира евроинтегративниот процес, вели шефот на државата Стево Пендаровски во интервјуто за Сител, но посочува дека шансите за тоа се само теоретски. Нова можност за решение и деблокада Претседателот гледа дури по бугарските избори на пролет.
Иако вели дека државниот врв има еденствен став и црвени линии во разговорите со Софија, сепак Пендаровски не се согласува со дел од тезите кои Заев ги имаше во интервјутот за Бгнес. Вели дека ваквите интервјуа не прават штета но од нив никој нема ниту корист.
Шефот на државата ги коментираше и критиките од лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски околу Европската економска зона, како алтернатива за ЕУ членството. Пендаровски вели дека во записник од лидерската средба стои дека Мицкоски побарал прашањето да не се отвара во јавност.
Пендаровски во интервјуто вели дека кризната состојба поврзана со КОВИД пандемијата досега не се менаџира добро.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
