Македонија
31. December 2020 - 19:48

Опозицијата оценува дека парламентот е нефункционален, власта најавува реформска агенда

Мерење на температура, дезинфекција со алкохол и работа под маски, но и десетина кои сепак завршија со КОВИД ... пратениците во 2020 година ништо поразлични од граѓанското секојдневие. До душа, надвор од сите препораки еден заболен пратеник под посебни протколи сепак дојде на работа бидејки неговиот глас беше неопходен да се избере новата Влада.

Разговорите со Бугарија, ветото за еу преговори и КОВИД пандемијата беа отворани во секоја можна дебата. Опозицијата се жали дека парламентот во 2020 бил тотално нефукционален и натрупан со закони од Владата.

Од власта велат во пандемија нормално е да има проблеми, но опозицијата е одговорна дека не дозволила онлајн работа.

Во 2021 владејачките пратеници очекуваат Собранието да се посвети на реформската агенда.

Опозицијата пак, бара да и’ се слуша гласот. Пописот и предвремени избори ќе бидат клучните прашања.

Албанската опозиција бара на агендата да се и етничките прашања.