Loading Video...
Ракомет
17. March 2021 - 20:30

СЕХА: Е.Пелистер утре и гостува на Металопластика

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре гостуваат во Србија каде во рамките на СЕХА лигата ќе играат со домашната Металопластика. Мечот започнува во 17ч.

„„Сами малку си го загорчивме распоредот, бидејќи продолжување да играме во Европа, па почна и СЕХА лигата и домашното првенство, па многу играме и многу патуваме. Веќе е малку поинаку за разлика од претходните години, па на тоа мора да гледаме како на предизвик. И јас како тренер треба да бидам подобар од претходно, треба да направам добар план, ротација и стратегија и да ги распоредиме силите за она што ни следи во март и април“, изјави тренерот на Битолчани Жељко Бабиќ.