-->
-->
Новото тајно оружје на Путин се киборг-стаорци, на џихадистите им се подготвува пекол!
-->
Руските научници ќе обучуваат стаорци да препознаат експлозив и дрога.Рускиот претседател Владимир Путин ќе лансира ново оружје во борбата против терористите, станува збор за киборг-стаорци.
Научниците планираат да ги искомбинираат најновите технолошки достигнувања со стаорците, односно би добиле способни стаорци кои би намирисале експплозив на џихадистите на некои тешко достапни места.

Животните би можеле да ги предупредат сопствениците на опасни и илегални материјали на време, доколку во експериментите се покажат како успешни. Меѓутоа се јавува една препрека, а тоа е времето односно секој стаорец мора да помине период од три месеци за да ги помине потребните тренинзи.
Ова животно живее само една година, што значи научниците ќе мора да обучуваат цели баталјони на стаорци.
Три тима работат на проектот Лабараторија за неуротехнологија перцепција и препознавање на Јужниот федерален универзитет во надеж дека развивањето на додатните неурони кај стаорците ќе овозможи уште поосетлив мирис.

Микрочип кој изгледа како перика за стаорци, детектира физиолошка реакција на стаорците пред тој воопшто да реагира. Заблагодарувајќи се на посебен алгоритам, научниците собрале податоци за реакција на стаорците на различни мириси. Пред тоа, тие мораат да ги обучат животните да препознаат дрога и експлозив, што може да биде многу компицирано.
Ова не е прв пат стаорците да се кориснат за слични работи, пример за тоа е користење на стаорците кои откривале мини во Ангола, Танзанија, Мозамбија, Камбоџа и Тајланд. Колумбија ги користи на аердромите а во Израел се користат за контролирање и претрес на багаж.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија
-

Санкционирани 113 возачи на мотоцикл во акциска контрола на СВР Скопје
-

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, сите патни правци се проодни
-

Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев
-

Најстудено на Попова Шапка
-

Трамп го разгледува новиот предлог од Иран
-

Ракометарите на Охрид на пенали го елиминираа Целје за историско финале во ЕХФ Европскиот куп
-

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми темел на секое демократско општество
