Во Струга нема доволно туристички водичи за да одговорат на барањата на туристите
И додека во Охрид бројот на туристички водичи постојано расте и ја надминува бројката од 220 во соседна Струга има само 17 водичи. Градот на мостовите има голем потенцијал и атрактивности кои туристите можат да ги видат но за жал нема доволно водичи па се почесто се ангажираат од другите градови а дополнителен проблем е и тоа што во понудите на организираните групи речиси и да го нема струшкиот регион.
Споредбено со Охрид каде оваа професија е се поактуелна и барана во Струга нема доволно интерес ,на дел од нив туристичката дејност не им била приоритетна туку дополнителна заработка.
Експертите посочуваат дека водичите не претставуваат само толкувачи на културно-историското наследство, туку и активни учесници во создавањето на аранжмани, излети и ексурзии. Нивното теренско искуство е од исклучителна важност во креирањето на туристичкиот производ на една дестинација.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
