Loading Video...
Спорт плус
27. јуни 2021 - 19:48
ТЦР: Иџе 6-ти на „Валелунга“
Игор Стефановски ги продолжува настапите на ТЦР шампионатот во Италија и денеска се појави на двете трки. Особено Македонецот блескаше на првата трка каде го освои 6. Место
Нашиот претставник беше одличен во првата трка на патеката Валелунга каде стартуваше како 14-ти во првата трка и постојано правеше притисок врз конкурентите што му овозможи да се пробие до 6. Позиција и да заокружи уште еден викенд како во претходните трки со освоени поени.
Стефановски добро започна и во втората трка но се појавија проблеми со болидот и не успеа да ја заврши откако излета во песокот крај патеката.
Во шампионатот на ТЦР сега следува едномесечна летна пауза и новите возбудувања се закажани за крајо0т на јули. Следната трка е од 23-ти до 25-ти јули на славната патека Имола.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->