Македонија
10. July 2021 - 16:32

Локалните власти немаат капацитет да се справат со депониите

И додека се чека изградбата на регионална депонија во Југозападниот регион депониите во Буково, Мауцкер и Струга ја загадуваат животната средина. Постојано се палат особено во летниот период предизвикувајќи непријатна миризба и чад во околните места и тоа најчесто навечер па до раните утрински часови. Охридскиот градоначалник Георгиески вели дека општината нема капацитет и ресурси сама да се  справи со проблемот со депонијата Буково.

Градоначалник Мерко пак тврди дека депонијата во Струга постојано се одржува за разлика од минатите години кога цело време а особено во екот на сезоната горела.

Градоначалникот на Дебарца Ногачески останува на ставот дека во општината и сливот на Охридското Езеро не треба да се гради регионална депонија.

Од патијата ДОМ кои промовираат зелена агенда на став дека регионалните санитарни депонии се решение за проблемот со ваквите депонии од каде посочија 

Инаку во извештајот на Унеско беше посочено дека депонијата Буково и струшката треба да бидат затворени до 2020 година но тоа сеуште не се случи.