Кошарка
11. January 2016 - 19:45

Судијата Маричиќ го реши натпреварот

Македонскиот првак МЗТ Скопје не успеа да ја продолжи серијата победи и го запиша 11.тиот пораз во АБА лигата. Металците не беа на нивото од претходните натпревари, па затоа Сутјеска имаше и шанса за победа.

Но натпреварот директно го реши судијата Саша Маричиќ, кој на 5.2 секунди до крајот еден продор на Дамјан Стојановски го прекина поради чекори.

Но и по сите прегледувања на ситуацијата јасно се гледа дека нема збор за прекршок.

Залудни беа приговорите на кошаркарите и клупата на МЗТ Скопје, Маричиќ да ја погледне снимката и да ја снеми одлуката.

За се да биде уште полошо на официјалната интернет страница на АБА лигата каде се наоѓаат најважните моменти од натпреварот оваа ситуација воопшто ја нема.

Мала утеха може да биде за МЗТ ако судијата биде казнет.