Ван Дам за 30-годишнината на „Двоен удар“

Белгискиот глумец Жан-Клод ван Дам е една од најголемите акциони ѕвезди од 1990-тите, па по повод 30-годишнината од филмскиот мегахит „Двоен удар“ (Double Impact), имаше интервју за „Јаху ентертејнмент“.
Тука, тој раскажува и како претходно во 80-тите, накусо го глумел и „Предаторот“ (во костим) спроти Арнолд Шварценегер и како еднаш се прикрал на имотот на Силвестер Сталоне, со надеж дека ќе се приближи до иконата од „Роки“ и „Рамбо“. Ван Дам – „мускулестиот од Брисел“, кој сега има 60 години, беше холивудска сензација откако ги одигра браќата близнаци разделени при раѓање, кои се обединиле по 25 години за да се одмаздат за смртта на нивните родители.
– Отсекогаш сакав да ги импресионирам луѓето со глумата, вели Ван Дам.
Филмот, инаку е инспириран од „Браќата на Корзика“ на Александар Дима, а е во режија на Шелдон Летич.
Инаку, Ван Дам за таа улога требало „да се бори“ со еден друг негов познат „соперник“ – Долф Лундгрен, како негов близнак, за нивните заеднички адвокат и агент да заработат двојно повеќе пари од филмот. Филмот тоа време заработил 30 милиони долари, двојно повеќе од буџетот.
Годинава, белгиската ѕвезда е актуелен со трилерот „Последниот платеник“ (Le dernier mercenaire) на Нетфликс.
Ново на Сител
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
