Продолжува отпуштањето на текстилните работници
Не запира трендот на отпуштање на текстилните работници. Најчест основ е престанок на договорот на определено работно време и негово не продолжување од страна на работодавачите, покажала анализата на граѓанските здруженија „Гласен текстилец“ и „ЗМАИ“.
- Зголемениот број на невработени од оваа индустија, покажува дека текстилната индустрија има потреба од трансформирање и дополнителна поддршка и од државата, но и од целиот систем, со цел да бидеме по конкурентни, имајќи предвид дека нашата тесктилна индустрија работи и е зависна од нарачките од странство, изјави Виктор Митевски, НВО „Здружение за истражување и анализи (ЗМАИ)“.
Една од можните трансформации е во правец на формирање на текстилни задруги, кои ќе овозможат вработување на работнички кои немаат доволно искуство во текстилното производство, а ќе се опфатат и најранливите социјални категории граѓани. Сепак, најнапред е потребно да се извршат промени во македонкста регулатива.
- Поребна е поголема поддршка и финансиска и законодавна од страна на државните институции и зголемување на свесноста во Македонија дека ни се потребни текстилни задруги, но ни е потребна уште поголема свесност за рециклирање на текстилниот отпад и воопшто отпадот кој ни доаѓа од текстилната индустрија, изјави Соња Стојадиновиќ, експерт за текстилни задруги.
Стојадиновиќ додаде дека, во Хрватска на пример, постојат текстилни задруги кои произведуваат модни креаиции од текстилен отпад, кои по квалитет се и подобри од масовното производство.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар