Loading Video...
Спорт плус
18. December 2021 - 18:21
Трета победа на Гоџија во спуст сезонава
Софија Гоџија ја потврдува својата одлична форма кога во прашање е најбрзата дисциплина во Светскиот куп во алпско скијање
29-годишната Италијанка до својата трета овосезонска победа во исто толку одржани трки, стигна во францускиот Вал д’Изер и четврти пат беше најдобра на трките оваа сезона
Зад Гоџа завршија, Американката, Бризи Џонсон и Мирјам Пучнер од Австрија.
Со оваа победа Италијанката сега е водечка во севкупниот генерален пласман и тоа со само 10 бодови повеќе од големата американска конкурентка, Михаела Шифрин која падна на втората позиција.
Утре, на истото место ќе се одржи трката во супер-џи.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->