Loading Video...
Кошарка
24. December 2021 - 10:43

Формирани двојките за четвртфиналето во кошаркарскиот Куп на Македонија

Откако синоќа беа одиграни последните две средби од 11.коло во Првата лига, познати се двојките за четвртфиналето во кошаркарскиот Куп на Македонија 
 
Екипата на Пелистер за заврши првата етана со максимални 11 победи откако во СРЦ Кале славеше победа над ТФТ со 74-71. 
 
Веднаш зад битолскиот тим е актуелниот шампион МЗТ Скопје А. кој очекувано забележа победа во дуелот против Академија ФМП со 96-70. 
 
Зад водешкиот двоец, меѓу осумте екипи кои ќе играат во Купот на Македонија, првиот дел од сезоната го завршија: Работнички, Академија ФМП, Еуро Никел, Гостивар, Феникс и ТФТ Скопје. 
 
Според пласманот, но и пропозициите, со тоа формирани се и двојките за Фајнал-8 турнирот во Купот на Македонија. 
 
Така, во четвртфиналето, Пелистер за противник ќе го има токму ТФТ против кого играше синоќа. 
 
МЗТ Скопје Аеродром одбраната на трофејот во Купот ќе ја започне со дуелот против дебитантот во прволигашкото друштво Феникс од кого аеродромци го претрпеа вториот пораз во досегашниот дел од сезоната, по оној во првата рунда од Пелистер. 
Во другите два четвртфинални дуели ќе играат, Работнички – Гостивар и Академија ФМП – Еуро Никел. 
 
Според претходно утврдениот календар, натпреварите од Фајнал-8 турнирот во Купот на Македонија предвидени се да се играат од 18 до 20 февруари. 
 
До крајот на календарската 2021 година останува да се одиграат уште средбите од 12-тото коло, прво од вториот дел на сеоната, и почнувајќи од утре до понеделник. 
 
ПРВА ЛИГА 12.КОЛО
САБОТА
АНГЕЛИ - КУМАНОВО 17:00 ч.
РАБОТНИЧКИ - МЗТ СКОПЈЕ УНИ БАНКА  18:00 ч.
ГОСТИВАР - ЕУРО НИКЕЛ 18:00 ч.
НЕДЕЛА
ТФТ СКОПЈЕ - КОЖУФ 17:00 ч.
АКАДЕМИЈА ФМП - ФЕНИКС 19:00 ч.
ПОНЕДЛНИК
МЗТ СКОПЈЕ ААЕРОДРОМ - ПЕЛИСТЕР 18:00 ч.