Loading Video...
Кошарка
1. January 2022 - 18:25

Јута со серија 21-0 во последната четвртина ја победи Минесота

Пред новогодишната вечер во САД беше збогатена со дури десет натпревари во НБА лигата. Од нив ќе ја издвојуваиме. 
 
Трето рангираниот тим во лигата, Јута до победа во дуелот со Минесота стигна во завршните 9 минути. По израмнетите три четвртини „Џезерите“ го скршија отпорот на протиовникот во последниот период со серијата од 21:0, па на крајот заслужено славеа со конечни 120-108. 
 
Донован Мичел со 39 поени и Хрватот, Бојан Богдановиќ со дбл-дабл учинокот со 24 поени и 12 скокови беа творци на 26-та победа за Јута, која има еден триумф помалку од водечкото дуо екипите на Голден Стејт Вориорс и Феникс Санс 
 

Предводени од Леброн Џејмс екипата на ЛА Лејкерс го надијграа Портланд со со 33 поени разлика 139-106. 
Леброн средбата ја заврши како најефикасен играч со 43 постигнати поени, на кои во својата статистика, проидодаде и 14 скокови и 4 асистенции. 

Џејмс поддршка имаше и од Монк со 18 и Ентони кој постигна 16 поени, како и фантастичиот Расел Вестбрук кој впиша нов трипл-дабл ефект со 15 поени, 13 скокови и 12 асистенции. 

Лејкерси останаа на осмата позиција на табелата во Западната конференција со под 50% ефект, па сега тимот од ЛА на 37-те одиграни средби има 18 победи и  порази.