Loading Video...
Кошарка
3. January 2022 - 11:01
50 поени на Браун во победата на Бостон по продолжението со Орландо
Најнеизвесниот дуел од синоќешна понуда во НБА лигата го имаа екипите на Бостон и Орландо, а го добија домаќините дури по продолжението.
Иако гостите во финишот на регуларниот дел имаа и 14 поени предност, сепак предводени од Џелјен Браун домаќините направија серија од 18-4 и се изборија за дополнителни пет минути. Браун го одигра мечот на кариерата и 50 постигнато поени беше најзаслужниот за победата нс Сетикси со конечни 116-111.
Леброн Џејмс со 26 поени, 7 скокови и 5 асистенции ги предводеше Лејкерси до победа против Минесота со 108-103.
По три неделната пауза на терените се врати и Лука Дончиќ, на кого му недостасување само еден скок да оствари трипл-дабл во победата на Далас на гостувањето кај Оклахома со 95-85.
Словенецот, натпреварот го заврши со 14 поени, 10 асистенции и 9 скокови.
Убедлива победа оствари и второ рангираниот тим во лигата, Феникс Санс кој на гостувањето кај Шарлот славеше со 133-99, меч во кој Девин Букер беше најефикасниот играч не само во победничката екипа, туку и на натпреварот со 24 постигнати поени.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->