-->
-->
Кање Вест најави настап во Русија и средба со Путин
-->

Познатиот рапер Кање Вест наскоро ќе отпатува за Русија, каде што ќе настапи, ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и ќе постигне деловни договори со тамошни магнати. Оваа вест можеби и не е толку изненадувачка, ако се земе предвид тоа дека тој своевремено се нарекуваше „млад Путин“.
Вест ќе пристигне во Москва подоцна оваа година, каде што ќе ги одржи своите први настапи во овој град, а има намера да постигне деловни договори со тајкунот Арас Агаларов и неговиот син, музичарот Емин. Советникот на рускиот рапер – Амир Судан тврди дека тоа ќе му помогне на Емин да го изгради својот меѓународен углед, а договорите на Агаларов, наводно, се очекува да му донесат милијарди.
Агаларов е познат по инвестирањето во странство, а и по тоа што постигна договор со поранешниот американски претседател Доналд Трамп за одржување на Мис Универзум во 2013 година во Москва. Тие разговараа и за проектот за развој на „кула Трамп“ во Москва, но тоа не се оствари. Внимание привлекува и планот на Вест да се сретне со Путин. Рускиот претседател не е љубител на рапот, но ќе има и други заеднички теми со раперот, особено околу религијата, како што се наведува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп вети одговор на нападот врз американската амбасада во Ријад
-

Поранешен шеф на ЦИА, Џон Бренан: Нападите на Трамп врз Иран се катастрофална грешка
-

САД ги повлекоа своите службеници од Бахреин, Ирак, Јордан, Катар и Кувајт, затворена амбасадата во Кувајт
-

Сончево и топло до 20 степени
-

Американската амбасада во Саудиска Арабија нападната со дронови
-

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на земјава
-

Посебен сообраќаен режим во центарот на Скопје поради посетата на Марк Руте
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
